Вести

И З В Е С Т У В А Њ Е


Комората на извршители на Република Северна Македонија, согласно член 74 став 2 од Законот за извршување ( “Службен весник на РМ” бр.72/16, 142/16,  233/18, 14/20 и 154/23) го објавува следното известување,
Се известуваат граѓаните кои биле странки во предмет/ти кои се водеа во канцеларијата на извршител Драган Кочовски од Велес дека предметите ги презеде извршител Ангел Костадиновски од Кавадарци со седиште на ул. Шишка бр.2 локал 1 во Кавадарци,  определена со Решение на Министерство за правда на РСМ бр.09-1566/1 од 16.05.2024 година
КОМОРА НА ИЗВРШИТЕЛИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Претседател Весна Деловска

И З В Е С Т У В А Њ Е

Комората на извршители на Република Северна Македонија, согласно член 74 став 2 од Законот за извршување ( “Службен весник на РМ” бр.72/16, 142/16, 233/18, 14/20 и 154/23) го објавува следното известување,
Се известуваат граѓаните кои биле странки во предмет/ти кои се водеа во канцеларијата на извршител Музафер Хоџиќ од Скопје дека предметите ги презеде извршител Лидија Радеска со седиште на ул.Св.Кирил и Методиј бр.52 Б/1-4 во Скопје, определена со Решение на Министерство за правда на РСМ бр. 09-1468/2 од 16.05.2024 година .
КОМОРА НА ИЗВРШИТЕЛИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Претседател Весна Деловска

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Судскиот совет на РСМ и Комората на извршители на РСМ

Претседателката на Судскиот совет на Република Северна Македонија, Весна Дамева денес потпиша Меморандум за соработка со претседателката на Комората на извршители на Република Северна Македонија, Весна Деловска. Официјализирање на соработката со потпишување на овој Меморандум е од особено значење и во истиот се дефинира начинот на соработката која ќе се остварува преку едукација, обука, придонес во објавување на стручни и научни трудови, давање на експертска помош при изработка на одредени проекти, анализи, предлози, како и други форми на размена на знaење и искуство во насока на истражување и развој од заеднички интерес.    ПревземеноИзвор

Комората на извршители на Република Северна Македонија потпиша Меморандум за соработка со Здружението на правници на Република Северна Македонија

На ден 09.04.2024 година Комората на извршители на РСМ и Здружението на правници на РСМ потпишаа Меморандум за соработка.
Со овој Меморандум се продлабочува соработката помеѓу КИРСМ и Здружението ставајќи акцент на размена на знаења, искуства, едукација и усовршување на кадри од областите во кои двете страни имаат заеднички интерес.

Барање за прибирање понуди од Адвокати за анализа и правно мислење за потребите на КИРСМ

Барање за прибирање понуди од Адвокати за анализа и правно мислење за потребите на КИРСМ

Реакција на Министерството за правда за протестот „Стоп за извршителите“

Министерството за правда нема законски надлежности да дава автентично толкување на законските норми што е во исклучива надлежност на Собранието на Република Северна Македонија.
Министерството за правда ве информира дека исклучива надлежност за постапување по основа на застареност на предмет кај извршител има судот во соодветна постапка.
Правниот институт -застарување, роковите, прекинот и начинот на утврдување, се регулирани со бројни одредби од Законот за облигациони односи (член 349-382) и истиот не се применува автоматски, туку се утврдува во судска постапка на предлог на должникот.
Извршителот е должен да постапува по барањето на доверителот и притоа не е овластен да носи никакви процедурални одлуки во однос на текот на извршувањето, што е во исклучива надлежност на судот.
Превземено од Министерството за правда

Барање за прибирање на понуди за превод од албански јазик на македонски и од македонски јазик на албански

Барање за прибирање на понуди за превод од албански јазик на македонски и од македонски јазик на албански за потребите на Комората на извршители на РСМ

Конкурси за именување на извршители

Конкурси за именување на извршители (службен весник бр.13)

Доделени Повелби на новоименувани извршители

На ден 22.12.2023 година во Министерството за правда на РСМ беа доделени Повелби на новоименувани извршители, Лидија Радеска за подрачјето на Основен граѓански суд Скопје и Основен кривичен суд Скопје, Бране Милчески за подрачјето на Основен суд Струмица и Основен суд Радовиш и Марија Попов за подрачјето на Основен суд Велес, Основен суд Гевгелија, Основен суд Кавадарци и Основен суд Неготино. На доделувањето на Повелбите беше присутен и Претседaтелот на КИРСМ, Весна Деловска од Скопје.

Постојан совет на Меѓународната унија на судски извршители (UIHJ)

Делегација на Комората на извршители на Република Северна Македонија во состав од Претседател на КИРСМ Весна Деловска и Потпретседател на КИРСМ Билјана Николовска учествува на Постојан совет на Меѓународната унија на судски извршители (UIHJ) во Париз, Франција во период од 21-24.11.2023 година.

Галерија

Конкурс за именување на извршители и нотари

Конкурси за именување на извршители и нотари (службен весник бр.238)

Известување

На ден 18.10.2023 година, делегација на Комората на извршители на РСМ во состав од Претседателот на КИРСМ Весна Деловска, Извршител Методија Костадинов од Скопје и Извршител Васко Блажевски од Скопје , остварија средба со Министерот за правда Г-дин Кренар Лога, на која  присуствува и претставници на Министерството за правда, Шеф на кабинет г-ѓа Арбереша Селими и Помошник раководител на секторот за извршување, нотаријат и медијација г-дин Владимир Јанковски, на која остварена средба е разговарано  за законските измени со цел за изнаоѓање на најдобри решенија, предизвиците на извршителите , како и барања и проблемите на граѓаните.
На состанокот имавме дискусија и за надзорот врз работата на извршителите со цел надминување на секакви проблеми, недоразбирања, како и решавање на забелешките на граѓаните.
Ги повикуваме граѓаните , во иднина за сите  нивни жалби  и проблеми , да се обратат до Комората на извршители на РСМ  како и во Министерство за правда.

Извор: Министерство за правда

 

 

 

Остварив средба со ново избраната претседателка на Комората на извршители, Весна Деловска, на која и посакав успех во должноста и изразив мое задоволство за нејзиниот конструктивен пристап и подготвеност за соработка и заедничко решавање на сите предизвици, со кои се соочуваат граѓаните и извршителите во секојдневната работа.
Разговаравме за законските измени со цел изнаоѓање најдобри решенија, предизвиците на извршителите, како и барањата и проблемите на граѓаните.
На состанокот имавме и дискусија за надзорот врз работата на извршителите со цел надминување на секакви проблеми, недоразбирања, како и за решавање на забелешките на граѓаните.
Ги повикуваме граѓаните, во иднина за сите нивни жалби и проблеми, да се обратат до Комора на извршители како и во Министерството за правда.

Realizova takim me kryetaren e sapo zgjedhur të Odës së Përmbaruesve, Vesna Dellovska, së cilës i urova suksese në detyrë dhe ia shpreha kënaqësinë time për qasjen e saj konstruktive dhe gatishmërinë për bashkëpunim dhe zgjidhje të përbashkët të të gjitha sfidave, me të cilat ballafaqohen qytetarët dhe përmbaruesit në punën e tyre të përditshme.
Diskutuam për ndryshimet ligjore për të gjetur zgjidhjet më të mira, sfidat e përmbaruesve, si dhe kërkesat dhe problemet e qytetarëve.
Në takim diskutuam edhe për mbikëqyrjen në punën e përmbaruesve, me qëllim të tejkalimit të çdo problemi, keqkuptimi, si dhe për zgjidhjen e vërejtjeve të qytetarëve.
Ftojmë qytetarët që në të ardhmen, të gjitha ankesat dhe problemet, t’i adresojnë në Odën e Përmbaruesve si dhe në Ministrinë e Drejtësisë.

Известување

Се известуваат граѓаните кои биле странки во предмет/ти кои се водеа во канцеларијата на извршител Снежана Андреевска од Скопје дека предметите ги презеде извршител Јадранка Пајиќ Поп-Кочева со седиште на ул. Ѓуро Стругар бр.11 а стан 3 во Скопје,  именувана со Решение на Министерство за правда на РСМ  со бр. 09-2426/1 од 06.09.2023 година.

Известување


Комората на извршители на Република Северна Македонија, согласно член 74 став 2 од Законот за извршување ( “Службен весник на РМ” бр.72/16, 142/16, 233/18, 14/20 и 154/23) го објавува следното,

Известување

Се известуваат граѓаните кои биле странки во предметите кои се водеа во канцеларијата на извршител Николина Стојковска од Битола дека предметите ги презема извршител Сашо Стојковски од Битола, именуван со Решение на Министерство за правда бр. 09-2479/1 од 19.09.2023 година. Извршител Сашо Стојковски започна со работа на ден 09.10.2023 година на адреса ул. Булевар 1-ви Мај бр.202 / 7 , Битола

 

Известување

Се известуваат граѓаните кои биле странки во предмет/ти кои се водеа во канцеларијата на извршител Томислав Џумеркоски (izvrsitel.vdjumerkoski@yahoo.com) од Прилеп, дека предметите ги презеде извршител Виктор Џумеркоски со седиште на ул. Орде Кабецо бр 8 во Прилеп, именуван со Решение на Министерство за правда на РСМ со бр. 09-2459/1 од 13.09.2023 година.

Известување

Се известуваат граѓаните кои биле странки во предмет/ти кои се водеа во канцеларијата на извршител Светлана Јосифоска од Скопје дека предметите ги презеде извршител Зорица Симиќ со седиште на ул. Петричка бр.6/1-2 во Скопје,  именувана со Решение на Министерство за правда на РСМ  со бр. 09-2407/1 од 04.09.2023 година.

Известување

На седница на Вонредно Собрание на Комората на извршители на РСМ, одржана на ден 10.08.2023 година, извршител Весна Деловска од Скопје, е избрана за Претседател на КИРСМ, со мандат од три години започнувајќи од 12.10.2023 година.

Известување

Конкурс за именување на извршители. Врз основа на член 74 од законот за извршување. (Сл. весник 72/16, 142/16, 233/18и 14/20) Министерството за правда распишува конкурс за именување на три извршители. Конкурсот е во прилог на објавата на следниот линк:   Конкурс за именување на извршители

Известување

Се известуваат граѓаните кои биле странки во предметите кои се водеа во канцеларијата на извршител Благојче Кипровски од Скопје, дека предметите ги презема извршител Андреја Буневски од Скопје, определен со Решение бр.09-1070/2 од 26.04.2022 година на Министер за правда на РСМ за подрачје на Основен граѓански суд Скопје и Основен кривичен суд Скопје, со седиште на ул.Њуделхиска бр.4/2-1 Скопје. повеќе...

Конкурс за именување на извршител

Конкурс за именување на извршител

Известување

Се известуваат граѓаните кои биле странки во предметите кои се водеа во канцеларијата на извршител Славе Кромидоски од Прилеп дека предметите ги презема определениот извршител Каролина Таневска од Прилеп со седиште на ул Кузман Јосифовски бр.67 Прилеп, определен со Решение на Министерство за правда на РСМ бр. 09-605/2 од 22.03.2023 година.

Преводот на содржините е целосно автоматизиран

Преводот на содржините е целосно автоматизиран

Партнерства и соработка

Јавни објави за достава

Logotype1111

2024/2403
Извршител: Павел Томашевски
Име/назив на странката: Трајко Зафиров
Позната адреса: ул.Демир Трајко бр.64
Бр.на предмет: 977/2021
Рок: 1 ден

2024/2402
Извршител: Премтим Ќерими
Име/назив на странката: ДПТГМУ ХАНЗА ДОО Куманово
Позната адреса: ул. Иво Лола Рибар бр.85, Куманово , Р.С.Македонија
Бр.на предмет: И.бр.414/23
Рок: 1 (еден) ден

2024/2401
Извршител: Павел Поп Иванов
Име/назив на странката: Сашо Мијалков
Позната адреса: ул.Денко Драганов бр.15, Куманово
Бр.на предмет: 643/24
Рок: еден ден

2024/2400
Извршител: Премтим Ќерими
Име/назив на странката: Горан Илиевски - правен следбеник на заложен должник Стоје Илиевски
Позната адреса: ул. 159 бр.8, Куманово , Р.С.Македонија
Бр.на предмет: И.бр.342/2023
Рок: 1 (еден) ден

2024/2399
Извршител: Премтим Ќерими
Име/назив на странката: трето лице Јагода Илиевска -право на плодоуживање
Позната адреса: ул. 159 бр.8, Куманово , Р.С.Македонија
Бр.на предмет: И.бр.342/23
Рок: 1 (еден) ден

Продажба на имот

 





НЕДВИЖЕН ИМОТ


  106/2006
Тип недвижност: Деловен простор
Извршител: Христо Јованов
Датум продажба: 2024-06-05
 Зaклучок за одлагање на извршување
(врз основа на член 91 став (1) од Законот за извршување)СЕ ОДЛАГА извршувањето спрема должникот Акционерско друштво за производство на мебел, монтажни куќи и пластични маси ТРЕСКА-МЕБЕЛ АД Скопје во стечај за период од 22 дена, заклучно со ден 20.06.2024 г, По истекот на времето за кое е одложено, извршувањето ќе продолжи со изготвување на нови заклучоци со кои ќе се закажат усни јавни продажби за предметните недвижности.

Почетна цена: 0
Квадратура: 69
Град: Скопје


  624/2019
Тип недвижност: Стан
Извршител: Дејан Костовски
Датум продажба: 2024-06-20
 имотен лист бр.88553 КО Охрид 3 -Продажбата ќе се одржи на ден 20.06.2024 година во 11:00 часот во просториите на извршителот.
Почетна цена: 2,675,250
Квадратура: 26
Град: Охрид


  462/2021
Тип недвижност: Стан
Извршител: Ванчо Марковски
Датум продажба: 2024-06-18
 1/3 идеален дел 1од Недвижноста запишана во имотен лист бр. 34197 за КО Тетово 3. -Недвижноста запишана во имотен лист бр. 100548 за КО Тетово 3-Продажбата ќе се одржи на ден 18.06.2024 година во 12 часот во просториите на Извршителот.
Почетна цена: 2,427,700
Квадратура: 147
Град: Тетово


  155/2013
Тип недвижност: Друго
Извршител: Христо Јованов
Датум продажба: 2024-06-20
 помошна просторија во помошни објекти во земјоделството запишано на Имотен лист број 237 за КО Талашманце на АКН-Кратово-Почетната вредност на недвижностаизнесува 5.179,00 евра, односно 319.557,00 денари, под која недвижноста не може да се продаде на второто јавно наддавање.Продажбата ќе се одржи на ден 20.06.2024 година во 10.00 часот во канцеларијата на извршителот .
Почетна цена: 0
Квадратура: 58
Град: Кратово


  1033/204
Тип недвижност: Деловен простор
Извршител: Христо Јованов
Датум продажба: 2024-06-18
 3/10 идеален дел од недвижност запишана на Имотен лист бр.10036 за КО Илинден-Почетната вредност на недвижноста изнесува 307.697,00 евра во денарска противвредност по средниот курс на НБРСМ на денот на продажбата-
Продажбата ќе се одржи на ден 18.06.2024 година во 11.00 часот во канцеларијата на извршителот.
Почетна цена: 0
Квадратура: 364
Град: Скопје


ПОДВИЖЕН ИМОТ


 472/2024
Движнина: Друго
Извршител: Николина Иванова
Датум на продажба: 2024-06-10
  - апарати за игри на среќа. Продажбата ќе се одржи на ден 10.06.2024 година во 09 часот во просториите на извршителот.
Почетна цена: 602,331
Град: Битола


 614/2023
Движнина: Друго
Извршител: Александар Чамовски
Датум на продажба: 2024-06-11
  ТМВ марка MAN TGA, со регистерски број SR-0135-AB, произведено 2005 година, број на шасија WMAH10ZZ85M418360 број на мотор 50509852150988, регистрирано до 22.08.2023г.-ТМВ марка OPEL COMBO-C-VAN, со регистарски број SR-3657-AC, произведено 2009 година, број на шасија W0L0XCF25943629490, број на мотор 3269743, регистрирано до 27.04.2024 година- и други подвижни предмети-Продажбата ќе се одржи на ден 11.06.2024 година во 13,30 часот во просториите на Извршителот.
Почетна цена: 472,924
Град: Струмица


 317/2024
Движнина: Друго
Извршител: Горан Манојлов
Датум на продажба: 2024-06-13
  .Машина за сечење иверици,модел CUT 6010,со димензии за сечење 4400мм х 4300мм,сериски број 66,гар.рок 26.02.2016 година-Машина за сечење иверици,модел CUT 6120,со димензии за сечење 3900мм х 3900мм,сериски број 404,гар.рок 13.04.2016 година и други подвижни предмети-Продажбата ќе се одржи на ден 13.06.2024 година во 11:00h часот во просториите на Извршителот.
Почетна цена: 1,001,196
Град: Кочани


 1978/2022
Движнина: Машини
Извршител: Жанета Пријевиќ
Датум на продажба: 2024-06-07
  Градежна машина – БАГЕР, марка CATERPILLAR тип 375 L, модел 1999, со број на шасија
9WL00269,- Продажбата ќе се одржи на ден 07.06.2024 во 12 часот во просториите на
извршителoт.
Почетна цена: 873,300
Град: Битола


 448/2024
Движнина: Друго
Извршител: Горан Манојлов
Датум на продажба: 2024-06-11
  26 рафтови со висина 2 метри,ширина 1 метар,длабочина 40 цм -иноксна маса 1.80х0.80 м- и други подвижни предмети-Продажбата ќе се одржи на ден 11.06.2024 година во 10:00 часот во просториите на Извршителот.
Почетна цена: 716,337
Град: Кочани

Обука за обучувачи (ТоТ)

1111

Одлуки

Logotype1111

Дисциплинска комисија

Најди извршител

mapa_mk

Огласи за продажба

nedvizen imot
New Image
LogoHeader2014
aukciska_kukja

Академик

image001

Член на Деловен совет

uacs_logo

зсрм

header

Browse Вести

Featuring Top 10/243 of Вести

Subscribe

Read more

QRCode
lupa-6

Испит за извршители

ispit na izvrsiteli 2

bannerbg_main

usaid

Најчести прашања

prasalnik 2

26122011162156_g_komisija-za-zastita-na-prav

usaid

Анкета

Новиот дизајн е:

Резултати од гласањето

Loading ... Loading ...
June 2024
M T W T F S S
 12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930